25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAirbus испорача 443 летала

Airbus испорача 443 летала

air bus e3

Францускиот производител на авиони „Airbus“ во периодот од јануари до септември оваа година испорача 443 летала.

Во истиот период оваа најважна членка на европската корпорација „Airbus Group“ забележа 1.077 бруто нарачки, што по откажувањето на одреден број, резултираше со 791 нето нарачки, пренесуваат светските агенции.

Според информациите, Европската агенција за воздушна безбедност на 30-ти септември објави дека е издадена потврда за употреба на моделот за долги релации „Airbus A350“, кој првиот комерцијален лет ќе го има на крајот на 2014-та кај компанијата „Qatar Airways“.

Од „Airbus“ истакнуваат дека до крајот на оваа година се надеваат дека ќе имаат зголемување на бројот на испораки за разлика од 2013-та, а истото да се случи и со бројот на нарачки за нови авион.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП