3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИновативни производи за поголема конкуретност на компаниите

Иновативни производи за поголема конкуретност на компаниите

stopanskakomora23333

Вложувањето во нови иновативни решенија е значајно за компаниите за тие да бидат конкурентни како на домашниот, така и на странските пазари. Од Стопанската комора на Македонија истакнуваат дека инвестирањето во нови иновативни линии е значајно за компаниите и за зголемување на извозот на нивните производи.

Оттаму посочуваат дека пример за тоа е компанијата „Кожувчанка“ која инвестирала еден милион и 500 илјади евра во нова иновативна технологија за производство на амбалажа за водата „Изворска“.

Директорот на компанијата Митко Јанчев денеска на прес-конференција посочи дека со новата технологија се намалени трошоците во производствениот процес што овозможува нивниот производ да биде поконкурентен на домашниот и странскиот пазар.

„Со оваа линија во старт трошоците во производствто се намалени за 30 до 40 проценти што значи дека конкурентноста е многу подобра и мислам дека сега можеме да понудиме наш производ на поширокиот пазар“, рече Јанчев на прес-конференцијата во Стопанската комора на Македонија.

Новата амбалажа на „Изворска“, како што појасни Јанчев, е еколошка и му дава висока сигурност и квалитет на призводот.

Во последните години е забележано постојано зголемување на производството на вода пред се поради зголемената побарувачка на домашниот пазар. Статистиката покажува дека во 2013 година производството на вода бележи раст од шест проценти во однос на 2012 година. Вкупниот узвоз на вода минатата година исто така бележи раст од пет проценти, а увозот на вода има тренд на опаѓање за 27 проценти.

Во Македонија егзистираат 26 компании кои произведуваат вода со околу 1.200 постојано вработени. Од нив, 13 се домашни и се застапни со 24 брендови на вода.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП