25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSamsung инвестира 14,7 милијарди во изградба на фабрика во Јужна Кореја

Samsung инвестира 14,7 милијарди во изградба на фабрика во Јужна Кореја

fabrika brazil samsung

Корпорацијата „Samsung“ инвестира 14,7 милијарди долари во изградба на фабрика за производство на чипови во Јужна Кореја.

Почетокот на изградбата на овој производствен капацитет е планиран за првата половина од 2015 година, а крајот за вториот квартал од 2017 година.

„Samsung“ има намера, благодарение на новата фабрика, да ја сочува лидерската позоција на пазарот за паметни телефони.

За пет години на пазарот за производство на чипови поради жестоката ценовна конкуренција останаа само три големи играчи – „Samsung“, „SK Hynix “ и „Micron Technology“.

Притоа, побарувачката за чипови останува висока, бидејќи уредите мора да имаат, покрај процесорот и мемориска картичка.

„Samsung“ е меѓународна компанија која произведува електроника – полупроводници, телекомуникациска опрема, мемориски чипови, екрани со течни кристали, мобилни телефони и монитори.

Седиштето на компанијата се наоѓа во главниот град на Јужна Кореја – Сеул. Нето профитот во вториот квартал оваа година изнесувал 6,1 милијарди долари, а приходите 52 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП