25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција ќе успее да излезе од рецесија?

Грција ќе успее да излезе од рецесија?

grckagrcija654465

Грција е на пат оваа година да излезе од шестгодишната рецесија и благодарение на прилично малиот раст на БДП оваа година, во 2015 година да оствари раст од 2,9 проценти.

Грчкиот заменик-министер за финансии, Христос Стајкурас, го претстави во парламентот нацрт-буџетот за 2015 година, а скромниот раст оваа година од 0,6 проценти ќе и стави крај на повеќегодишната криза во земјата, иако невработеноста веројатно ќе остане на високо ниво, соопшти денес грчкото Министерство за финансии, пренесува агенцијата АП.

Грчката влада се надева дека наскоро би можела да започне со олабавувањето на строгите мерки за штедење, како и дека би можело да дојде до крај на инспекциите од меѓународните кредитори кои во вид на кредити во оваа земја „слеаа“ 240 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП