29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРаст на приходите на Micron

Раст на приходите на Micron

micron 222

Американскиот производител на мемориски чипови – „Micron Technology“ ги објави резултатите од работењето во својот фискален четврти квартал, кои се подобри од очекувањата.

Приходите на компанијата пораснаа за 49% или 4.23 милијарди долари со добивка од 1.15 милијарди долари. Очекувањата на аналитичарите беа дека компанијата ќе работи со приходи од околу 4.16 милијарди долари.

Како главна причина за растот на приходите од компанијата наведуваат дека е растот во побарувачката за мемориски чипови од страна на производителите на компјутери, како и стабилизацијата на цената на „DRAM“ чиповите.

Инаку, за тековниот квартал компанијата најавува приходи помеѓу 4.45 и 4.70 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП