20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСБ ја намали тригодишната прогноза за Кина

СБ ја намали тригодишната прогноза за Кина

kinaekonomijajachina545b74t

Светска банка ја намали прогнозата за економскиот раст на Кина за наредните три години, бидејќи таа земја ја очекуваат повеќе структурни реформи.

Според соопштението на Светска банка, растот во втората најголема светска економија оваа година ќе забави на 7,4 проценти во однос на претходно прогнозираните 7,6 проценти, јавува британскиот јавен сервис БиБиСи.

„Во Кина, економската активност постепено ќе забавува, бидејќи напорите за решавање на финансиските проблеми и структурните ограничувања растат“, наведува Светска банка.

Растот на БДП на Кина во 2015 година ќе се намали на 7,2 проценти, а во 2016 на 7,1 проценти, наместо претходно прогнозираните 7,5 проценти за двете години.

Со тоа Светска банка стана последната во низата големи кредитори кои ја намалија прогнозата на раст на кинеската економија, откако во септември тоа го направи и американскиот кредитор „Goldman Sachs“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП