26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИ HP се дели на две компании

И HP се дели на две компании

hp

„Hewlett-Packard – HP“ планира да се подели на две компании, од кои едната ќе се занимава со производство на компјутери и печатари, а другата со корпоративни сервери и услуги.

Двете компании, кои се настанат од сегашната „HP“, ќе бидат јавни и ќе имаат приходи поголеми од 50 милијарди долари годишно.

Во последно време американската компанија се соочи со пад на продажбата, а поголем потенцијал за раст гледа во производството на корпоративни сервери и овозможувањето на услуги.

„HP“ очекува дека со стеснување на фокусот ќе ја подобри ефикасноста на секоја од компаниите.

Сличен потег неодамна најави и холандскиот „Philips“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП