26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРазликата меѓу богатите и сиромашните како во 1820 година

Разликата меѓу богатите и сиромашните како во 1820 година

bogati-siromashni115

Разликата меѓу богатите и сиромашните во светот денес е на исто ниво како во дваесетите години на 19-тиот век, објави Организацијата за економска соработка и развој – ОЕЦД.

Во големиот извештај за глобалната благосостојба во изминатите два века, ОЕЦД напоменува дека нееднаквоста драстично пораснала од почетокот на глобализацијата во 80-тите години од 20-тиот век.

Истражувачите ја проучувале висината на приходите во 25 земји од 1820 година и ја споредувале како светот да е една земја.

Резултатите покажале дека нееднаквоста во приходите е остро намалена на средината на 20-тиот век благодарение на т.н. „рамноправна револуција“ односно подемот на комунизмот во источна Европа, за во новото време на нееднаквост таа повторно да порасне. „Во 2000 година глобалното ниво на нееднаквост во прихдите било на нивото од 1820 година“, потврдија истражувачите.

„Огромниот пораст на нееднаквоста во приходите на глобално ниво спаѓа меѓу најзначајните и најголемите загрижувачки обележја за развојот на светската економија во последните 200 години“, заклучи ОЕЦД во извештајот на 269 страници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП