25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИYahoo сака да инвестира во Snapchat

Yahoo сака да инвестира во Snapchat

yahoo snapchat

Компанијата „Yahoo“ има во план да реинвестираат дел од заработени средства од продажбата на акциите на „Alibaba“ во „Snapchat“, пишува „Wall Street Journal“.

„Snapchat“ неодамна заврши со уште едно подигнување на капиталот, па така компанијата сега е проценета на 10 милијарди долари. Преговорите меѓу двете компании дури веќе започнаа, но се уште не е познато колкава сума „Yahoo“ ќе инвестира во „Snapchat“.

Потсетуваме дека „Snapchat“ ја одби понудата за купување од страна на „Facebook“ во вредност од 3 милијарди долари.

Денес компанијата има 100 милиони корисници, а 2/3 од нив уживаат во услугата секој ден.

Инаку, овој „стартап“ им овозможува на корисниците да испраќаат слики и пораки кои по 10 секунди се бришат или едноставно исчезнуваат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП