Што треба да направите за да оставите добар впечаток кај шефот и колегите веќе на самиот почеток? Експертот Џон Лин има 5 одговори на тоа прашање…
Немојте да бидете мрзеливи
Интервјуто за работа е еден од најтешките испити, кои мора да ги положите. Но, ако напорно сте се подготвувале за него, нема логика потоа да престанете. „Никогаш немојте да престанете да истражувате и учите, со цел да бидете во можност да понудите помош кога вашата компанија ќе западне во проблеми. Тоа е клучно за успехот на деловен план. Исто така, важно е да сфатите кои се клучни играчи – кој може да ви помогне и да ви ја олесни работата, а кој може работата да ви ја претвори во пекол“.
Слушајте и учете
Впивајте се што се случува околу вас, но држете ја главата доле. Многу е важно да сфатите кои работи функционираат и што се очекува од вас. Така, многу нешта можете да научите од другите. Затоа обрнете внимание што прават тие, учете и поставувајте паметни прашања. „Така во првите недели ќе се држите подалеку од невољите, но и ќе им покажете на другите дека сте способни брзо да учите. Исто така, кога ќе ви се овозможи прилика, демонстрирајте што сте научиле, бидејќи така покажувате дека сте и посветени на работата и вредностите на компанијата“.
Мали чекори
Сега кога сте вработени, јасно ни е дека сакате да покажете дека компанијата го вработила вистинското лице. Но, Џон истакнува дека тоа не е секогаш добра стратегија. „Бидете многу внимателни, ако сакате во таа рана фаза да понудите идеи, не смеете да дозволите вашиот став да изгледа дека го критикувате начинот на кој работата се обавувала до тој момент. Дадете предлози и објаснете ги методите кои веќе сте ги користеле и кои се покажале како успешни, но изразете почитување кон она што компанијата веќе го работи“.
Нови луѓе
Запознавањето на нови луѓе е возбудливо, но понекогаш може да биде и застрашувачко, особено ако сте нови. Но, никогаш немојте да бидете вие лицето кое стои во аголот. „Кога ќе се запознаете со новите колеги, немојте само да се смешкате и да потврдувате со главата. Покажете интерес за нивната работа и поставете им некое прашање. Важно е само да не одите премногу далеку“.
Брзи победи
Можеби сакате веднаш да го промените начинот на работа на компанијата, но и самите знаете дека тоа е невозможно. Наместо тоа, размислувајте за успесите кои можете да ги постигнете за кратко време и со минимално вложен напор. Брзите и позитивни промени се идеални за да се докажете, но претходно барајте одобрение од надредените. Нормално, со објаснување зошто тие промени би биле добри.