19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОваа година Volkswagen очекува продажба на 10 милиони возила

Оваа година Volkswagen очекува продажба на 10 милиони возила

pro vw11

Врз основа на досегашната продажба во 2014-та, „Volkswagen“ е на добар пат до крајот на годината да постигне рекордна продажба на автомобили и така да ја исполни целта која беше зацртана за 2018-та.

Германскиот автомобилски концерн за деветте месеци во 2014-та продаде повеќе од 7.5 милиони патнички и теретни автомобили, рече директорот на групацијата, Мартин Винтеркорн.

Тој на саемот во Париз изјави дека очекува годишната продажба да достигне 10 милиони возила.

Групацијата „VW“ така својата зацртана цел ќе ја достигне четири години порано од што првично беше планирано.

Концернот во своја сопственост ги има автомобилските марки на патнички возила „Audi“, „Bentley“, „Bugatti“, „Lamborghini“, „Porsche“, „SEAT“, „Škoda“ и „Volkswagen“, како и брендот на мотоцикли „Ducati“.

Покрај тоа, во рамките на „VW“ групацијата е и компанијата „Volkswagen“ за комерцијални возила, како и производителите „MAN“, „Scania“ и „Neoplan“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП