26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБелгија: Дефлација за прв пат од 2009 година

Белгија: Дефлација за прв пат од 2009 година

belgija

На белгискиот пазар во септември е забележана меѓугодишна дефлација, прв пат од ноември 2009 година, и тоа по стапка од 0,12 проценти, покажуваат статистичките податоци.

Во август исто така дошло до општ пад на цените на годишно ниво од 0,02 проценти, пренесува белгискиот весник „ЛИБР“.

На падот на индексот на потрошувачките цени во Белгија во септември најмногу влијаеше поевтинувањето на авионските билети (15,8 проценти), свежото овошје (5,8 проценти) и рибата (3,0 проценти).

Спротивен тренд е забележан кај цените на зеленчукот (+2,9 проценти), патните аранжмани за во странство (+1,6 проценти) и аранжманите во секторот селски туризам (+7,9 проценти).

Цените на енергијата продолжија да паѓаат, и тоа за 7,73 проценти во септември, на годишно ниво, по падот од 6,87 проценти во август, и 9,33 проценти во јули.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП