11 декември, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИ Франција е против планот на ЕЦБ

И Франција е против планот на ЕЦБ

>>>ANSA/BCE: PRESSING DRAGHI SU RIFORME, TAFFERUGLI A CORTEO

Централната банка на Франција се придружи кон ставот на Германија и Австрија, кои се против планoт на ЕЦБ кој се однесува на купувањето обврзници обезбедени со имот.

Гувернерот на Банката на Франција Кристијан Нојер е загрижен поради моделите на купување хартии од вредност кои ЕЦБ ги пропагира, а кои ги исклучуваат националните централни банки.

Од друга страна, гувернерот на Бундесбанк, Јанс Вајдман, и гуверенерот на Австриската централна банка, Евалд Новотни, сметаат дека планот на претседателот на ЕЦБ, Марио Драги, е премногу ризичен. Драги наведува дека купувањето на овие обврзници е дел од поширокиот план за поттикнување на економскиот раст во еврозоната и враќањето на инфлацијата на целното ниво на ЕЦБ од околу два проценти.

Обврзниците обезбедени со имот се хартии од вредност како што се хипотекарните кредити, кредитите за купување автомобил и побарувањата на основа на кредитните картички кои им се продаваат на инвеститорите, овозможувајќи им на банките да ги поделат ризиците на ненаплатливост и да ги охрабрат да понудат повеќе кредити.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП