29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХрватска се поблиску до банкрот

Хрватска се поблиску до банкрот

hrvatska54v4454f

Јавниот долг на Хрватска на крајот на јуни изнесуваше 224,6 милијарди круни (29,4 милијарди евра, или 68,4 проценти од бруто домашниот производ, покажуваат статистичките податоци.

Иако динамиката на растот на јавнот долг е забавена, на годишно ниво, стапката на раст сеуште е двоцифрена (13,6 проценти), што е последица на влијанието на базниот период и силното задолжување на државата во втората половина од 2013 година, со цел обезбедување на средства за доспеаните обврски во текот на првата половина од оваа година, се наведува во анализата на „Raiffeisen Bank Austria – RBA“.

Во однос на крајот на 2013 година јавниот долг на Хрватска е зголемен за 4,4 милијарди куни или 2,0 проценти.

„Според сегашната методологија (ЕСА95) со проектираниот економски пад од 0,8 проценти очекуваме дека јавниот долг на крајот на 2014 година би можел да достигне 72 проценти од БДП“, заклучија аналитичарите на „RBA“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП