28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонија преплавена со евтини месни производи од ЕУ

Македонија преплавена со евтини месни производи од ЕУ

Course-Image

Месни производи од ЕУ по дампинг цени го преплавија македонскиот пазар откако беше воведена забраната за извоз во Русија. Според преработувачите, постои реална опасност во земјава да се најдат и големи количини месни производи од соседните земји.

Забраната за извоз на производи од ЕУ во Русија доведе до одредени пореметувања на пазарот. Кај нас постои реална опасност од земјите од опкружувањето, пред се Србија, иако на пазарот веќе се присутни производи од Унијата по дампинг цени со цел ослободување од вишокот на производи, информира Групацијата на индустријата за производство на месо и преработки од месо по редовната седница во Стопанската комора на Македонија.

Нејзините претставници бараат да се укине царината за кланичните производи од говеда, свињи, овци, кози, свежи, разладени или замрзнати, доколку се користат за преработка, како и да се  намалат за 50 проценти прелевманите за замрзнатото свинско месо за преработка.

Во моментов 70 отсто од производите на пазарот се од домашни производители додека останатите 30 проценти се увезени. Од ЕУ влегуваат готови производи без царина додека, од друга страна, домашните компании за увоз на суровина плаќаат царина и прелевман. Од соседните земји, Србија веќе ги симна царините на суровините поради што се очекува во најскоро време зголемен увоз на домашниот пазар, реагира Групацијата.

Според преработувачите, конфекционираното месо треба да се следи, од увозот до пуштање на пазар и да се пушта на пазарот во оригинално пакување. Според нив, најчесто помалите преработувачи, конфекционираното месо го сечат на помали делови, го препакуваат и го пуштаат на пазарот.

Конфекционираното месо од увоз да оди на пазарот во оригинално пакување (како подтарифен број, со измена на Законот за царинска тарифа), при што ќе биде можен увоз во оригинално пакување до 2,5 килограми кој би бил слободен, како и увоз во оригинално пакување над 2,5 килограми за кој би важел прелевманот, сугерира Групацијата.

За компаниите дополнително оптоварување се и обврзните скапи, секојдневни мостри за сите видови месо. Се жалат и на недоследна примена на Правилникот за квалитет на мелено месо, подготовки од месо и производи од месо, но и на, како што нагласуваат, селективната примена на ХАЦЦАП.

Системот не се спроведува кај рестораните и хотелите, а лош е и преводот на европската легислатива што дополнително создава проблеми при усогласувањето на домашното законодавство со европското, поосчуваат од Групацијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП