29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо акција на ДПИ одземени фалсификувани производи

Во акција на ДПИ одземени фалсификувани производи

raboti falc

Одделнието за инспекциски надзор Скопје на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) и Координативно тело за заштита на интелектуална сопственост, во акцијата што ја спроведоа вчера одзедоа 109 парчиња фалсификувани спортски обувки од заштитените трговски марки Најк и Адидас, информираат од ДПИ.

„Согласно Законот за индустриска сопственост, за фалсификуваните спортски обувки изречени се глоби во висина 5.000 евра, а нивната вкупната вредност изнесува 66.400 денари. Поради повреда на заштитена трговска марка „Искра сијалици“, одземени се 1.310 паковања -кутии со вкупна вредност од 524.000 денари, а за истите доставени се платни налози во износ од 5.000 евра. Кај два правни субјекта констатиран е недостаток во делот на водење на евиденција во трговија и изречени се глоби во висина од 4.000 евра“, се наведува во соопштението на ДПИ.

Инспекторите од ДПИ во текот на вчерашниот ден, извршиле 16 контроли над работењето на физички лица кои вршат нерегистрирана дејност на локациите Зелен пазар и Под Кале. При контролата одземен е зеленчук и овошје во вкупна количина од 649 килограми. За констатираните неправилности изречени се глоби со вкупна вредност од 1.600 евра.

Од Државниот пазарен инспекторат најавуваат дека ќе продожат да ги спроведуваат активностите и во нареднот временски период со истата динамика. Оттаму ги охрабруваат потрошувачите да ги пријават сите неправилности на телфонот на ДПИ 02/3220547 или на е-мејл адреса info|dpi.gov.mk.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП