19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕУ го одобри купувањето на WhatsApp

ЕУ го одобри купувањето на WhatsApp

eu fb whatsapp

Aнтимонополските регултатори на Европската унија денеска и одобрија на американската друштвена мрежа да ја купи платформата за пораки „WhatsApp“, и покрај противењето на телекомуникациските компании, кои стравуваат од растечката моќ на американскиот технолошки гигант.

Европската комисија го одобри 19 милијарди долари (15 милијарди евра) вредниот договор меѓу „Facebook“ и „WhatsApp“, наведувајќи дека тие две компании не се директни конкуренти и дека потрошувачите и натаму имаат голем избор на алтернативни апликации.

„Внимателно ја разгледувавме предложената аквизиција и дојдовме до заклучок дека таа нема да ја загрози конкуренцијата на динамичкиот и растечки пазар“, изјави европскиот комесар за конкурентност, Хоакин Алмунија.

„Facebook“ во февруари го најави купувањето на „WhatsApp“, апликација која во светот ја користат 600 милиони луѓе, а американските власти ја одобрија оваа аквизиција во април.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП