29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИUBS пред казна од речиси пет милијарди евра

UBS пред казна од речиси пет милијарди евра

ubs bankaa

Вредноста на акциите на швајцарската банка „UBS“ денес се намали по најавата дека оваа банка би можела да биде казнета со 4,88 милијарди евра доколку биде прогласена за виновна за олеснување на даночното затајување и перење пари во Франција.

Весникот „Тамп“ од Женева, повикувајќи се на документи од француското обвинителство напиша дека потенцијалната казна е значително поголема од 1,1 милијарди евра во обврзници, кои банката мора да ги положи како депозит во врска со овој случај.

Банката, која ги отфрла обвиненијата, соопшти дека објавувањето на документите е „неодговорно“ и повтори дека основата на обвинението е неосновна и лажна, пренесува агенцијата АП.

Вредноста на акциите на „UBS“ денес се намали за 1,4 проценти на 16,09 франци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП