14 декември, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕ„ЗАСВЕТИ РОЗОВО“- Кампања за борба против ракот на дојката

„ЗАСВЕТИ РОЗОВО“- Кампања за борба против ракот на дојката

ayon

Компанијата AVON Македонија, познат бренд кој општествената одговорност ја позиционира на врвот од агендата на своето делување, го одпочна „розовиот“ октомври – светскиот месец за борба против ракот на дојка.

На 1 октомври под мотото „Засвети розово“, оваа општествено одговорна компанија лансираше голема кампања за борба против ракот на дојка со поставување на розов СОС телефон на различни локации во Скопје. Розовиот телефон со своето ѕвонење, деновиве симболично му се обраќа на секој граѓанин, кој не смее да заборави дека борбата со ракот ќе биде успешна само доколку болеста е рано дијагностицирана. Целта на поставувањето на розовот СОС телефон е граѓаните да се информираат за бесплатната телефонска линија за помош и поддршка на заболените од рак на дојка и да ја пренесат пораката на секоја жена на која ѝ треба каква била помош, совет или информација. Телефонот веќе беше поставен на Улица „Македонија“, Сквер Јадран, денеска ќе ѕвони во трговскиот центар Рамстор, во сабота и недела во Градскиот Парк во Скопје, а во понеделник во Капитол Мол во Скопје.

avon 

Овој симболичен гест за подигнување на свесноста за ракот на дојка беше поттикнат од реалната бесплатна СОС линија 0800 55 777, која Авон Македонија во партнерство со здружението „Борка – за секој нов ден“ ја отвори во 2007 година. СОС линијата е наменета за помош и поддршка на заболените од рак на дојка и нивните семејства, како и за сите оние кои сакаат да се информираат за рана дијагностика на болеста, рана дијагностика и начини на третман на оваа смртна болест. СОС линијата оперира секој работен ден од 9 до 17.00 часот, а со цел да одговори на потребите на што повеќе жени, Авон Македонија оваа година овозможи линијата да се надгради и да биде достапна и на мобилниот број 075 228 899, и тоа секој ден во неделата од 9 до 21.00 часот.

 aqon

Кампањата ќе трае во тектот на цел месец октомври, а ќе биде проследена со серија активности за активирање на граѓаните, како и иницијативи на социјалните медиум (Facebook Avon Macedonia и Twitter @ZasvetiRozovo).

Сите оние кои сакаат да се вклучат во кампањата и да ја изразат својата поддршка за заболените од рак на дојка, тоа можат да го сторат преку: http://www.avoncosmetics.com.mk/PRSuite/static/BreastCancer/, како и на социјалните мрежи на Авон Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП