27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ не најави нови стимулации

ЕЦБ не најави нови стимулации

ecb3

Претседателот на Европската централна банка (ЕЦБ) Марио Драги порача дека банката се подготвува да го зголеми обемот на купување обврзници доколу тоа биде потребно.

Меѓутоа, освен тоа, не понуди нова помош за економијата на еврозоната.

Драги економското закрепнување на 18-те земји членки на унијата го нарече слабо и нееднакво, наведувајќи дека ЕЦБ подоцна оваа година ќе ја лансира претходно најавената програма за купување на обврзници составени од банкарски кредити, кои имаат за цел да го поттикнат банките да одобруваат повеќе кредити за претпријатија и домаќинствата.

ЕЦБ на состанокот во Неапол ја задржа референтната каматна стапка на непроменето ниво од 0,05 проценти, во момент на остри судири меѓу повеќе стотици демонстранти и полицијата пред палатата Капо ди Монте, во која се одржа седницата на банката.

Како што беше очекувано, ЕЦБ во соопштението наведе дека ја „задржува стабилна референтната каматна стапка на 0,05 проценти“ по минатомесечното намалување на стапката. ЕЦБ, исто така, ја задржа и каматната стапка на депозитите на минус 0,20 проценти и граничната стапка на плус 0,30 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП