11 декември, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТурски компании ќе се уверуваат во бизнис можностите во Македонија

Турски компании ќе се уверуваат во бизнис можностите во Македонија

turcija pazar

Петнаесетина турски компании во текот на овој и наредниот месец ќе ја посетат Македонија за да се уверат во предностите што ги нуди земјата за инвестирање.

Ова го најавија петставниците на турските компании на средби што министерот за странски инвестиции Џери Наумоф ги имаше за време на посетата на турските градови Измир, Ајдин и Маниса.

Меѓу компаниите со кои оствари средби се и Менсан, АК Пастик, Пролине и Сер Јаг, кои веќе ги имаат објавено одлуките да инвестираат во Македонија.

Министерот Наумоф ја презентираше македонската конкурентна бизнис клима на големи групи сопственици на бизниси во најголемата индустриска зона во Турција, Мустафа Кемал Ататурк, како и пред претставници на Стопанската комора Ајдин и Комората на индустријалци во Ајдин.

Посета на Македонија најавија и компаниите во индустриската зона, градоначалникот на општина Ефелер, како и двете комори за трговија и индустрија во Ајдин.

Министерот Наумофф потврди дека и во иднина ќе ги проширува своите активности во Турција со цел обезбедување нови странски инвестиции во Република Македонија.

За време на престојот во Турција министерот Наумоф се сретна и со претставници на македонската дијаспора од егејскиот регион на Турција, кој ги поддржуваат напорите на министерот и Владата за привлекување на инвестиции во Македонија и кои понудија да бидат мост меѓу двете земји не само на полето на економијата, туку и во културата, образованието и сл.

Дијаспората изрази благодарност до претседателот на Владата на Македонија Никола Груевски за неговата посветеност во развивање на односите со Турција како и неговите блиски односи со македонската дијаспора во Турција, соопшто кабинетот на министерот Џери Наумоф.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП