25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИнгвар Кампрад - од продавач на кибрити до милијардер

Ингвар Кампрад – од продавач на кибрити до милијардер

ikea gazda

Имотот на светскиот крал на мебелот, основачот на познатата компанија за производство и трговија ИКЕА, Ингвар Кампрад, се проценува на околу 38 милијарди долари и со тоа му припадна петтото место на листата на најбогати луѓе во светот.

Кампрад е познат по штедливоста. Иако е најбогат европјанин, тој го чека крајот на работното време на пазарите за да купи поефтин зеленчук. Тврди дека лета од принцип само во економска класа, често користи градски превоз, јаде во рестораните во стоковните куќи на ИКЕА и вози Волво старо 15 години.

Тој кога бил тинејџер со велосипед продавал кибрит, риба, пенкала, божикни честитки и други работи. Мебел почнал да продава во 1947 година. Пред 50 години е отворена првата продавница на ИКЕА, а името е добиено од комбинација од иницијалите на неговото име и презиме,семејната фарма и околното село.

ikea-02

Ингвар Кампрад е роден во југот на Шведска во 1926-та година и пораснал на фармата Елмтарид, во близина на малото село Агунарид. Во раната младост, тој сфатил дека може да купи кибрити на големо во Стокхолм и ги продавал по фер цена на мало, со добар профит. Тогашниот профит го реинвестирал во риби, семе, украси за елка, хемиски и обични пенкала. На 17 години, неговиот татко поради добрите оцени на училиште го наградил парично, па тој со тие пари ја основал ИКЕА.

Кампрад продолжил да го проширува својот бизнис со широк спектар на стока, вклучувајќи паричници, часовници, накит и чорапи.

Мебелот во производаната линија на ИКЕА го вовел дури во 1947-та година. Користењето на локалните прозиведувачи му дозволило да ги намали трошоците. Мебелот бил хит во 1951-та година, по што Кампрад одлучил да прекине со останатата линија на производи и да се фокусира само на мебелот. Во 1953-та година бил отворен и првиот салон на ИКЕА. Тој бил отворен поради притисокот на конкуренцијата,  затоа што ИКЕА била во војна со конкуренцијата поради цената.

Уште во педесетите години од минатиот век, ИКЕА прва започна да произведува мебел во делови и да ги продава во кутии, кои лесно можеле да се транспортираат, а купувачите ќе можат сами да ги монтираат.

ikea-01

Во тој период компанијата многу брзо се развивала и ширела во Скандинавија, но претрпела бојкот кој го поддржувале и властите во Шведска, а тоа било последица на симпатиите кои во младоста ги имал Кампрад кон фашизмот. Но тој се покајал за тоа, јавно се извинил на сите, а особено на Евреите и побарал прошка од сите.

Бизнисот го спасил така што го пренел во комунистичка Полска, која од некои свои причини била подготвена да го прими. И на тој начин ја спасил компанијата, која благодарејќи на ефтината работна сила, секаде во светот ги победувала конкурентите. Но тој бил повторно во проблеми, поради тоа што станал алкохоличар, сепак многу бргу се извлекол од тоа.

ИКЕА денес има околу 220 стоковни куќи во 40 земји во светот и нема вистински конкурент во својата бранша. На пример во Чешка има само две стоковни куќи, но во нив годишно се остварува промет од скоро 300 милиони евра, половина од тоа што го остваруваат останатите произведувачи.

ikea-store

Компанијата Блумберг, имотот на Кампрад го процени на 41 милијарди долари и на ранг-листата на светските милијардери го завзема петото место, а во Европа е прв.

Тој најмногу време поминува во Лозано во Швајцарија, но и натаму често патува поради работата. Кралот на мебелот е оженет и е татко на четири деца.

ИКЕА денес е еден од најголемите светски концерни кој се занимава со продажба на мебел, но покрај тоа се заминава и со продажба на недвижности, и ресторани кои се наоѓаат во трговските центри на ИКЕА.

Оваа компанија годишно генерира промет од околу 33 милијарди долари, а во 2011-та година отвари чиста добивка од 4 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП