28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИ Ворен Бафет знае да погреши!

И Ворен Бафет знае да погреши!

voren bu23

Ворен Бафет, инвеститор и еден од најбогатите луѓе во светот, рече дека вложувањето во акциите на британскиот трговски ланец „Tesco“ било „голема грешка“.

Инвестициската компанија на Бафет, „Berkshire Hathaway“ кон крајот на 2013-та година имаше околу 3.7 проценти удел во „Tesco“, кој вредел околу 1.7 милијарди долари.

Меѓутоа, оттогаш цената на акциите на „Tescо“ паднаа за скоро 50 проценти, постигнувајќи го во четвртокот најниското ниво во 11 години по скандалот со сметководствената грешка, вредноста на уделот на Бафет речиси се преполови.

„Со „Tesco“ погрешив. Тоа беше моја голема грешка“, рече Бафет во четвртокот за „CNBC“.

Бафет е познат по тоа што вложува долгорочно и во етаблирани компании, останувајќи далеку од поризични инвестиции. „Berkshire Hathaway“ во своето портфолио ги има, меѓу останатите, акциите на „Coca-Colа“, „IBM“, „American Express“…

Во „Tesco“, „Berkshire Hathaway“ започна да вложува од 2006-та година, па се до 2012-та, па нивниот удел во британскиот трговски ланец достигна 5 проценти, а потоа се намали на 3.7 проценти.

Падот на цената на акциите на „Tescо“ во последните месеци е последица на падот на нивната продажба поради зголемената конкуренција, но најголем удар на компанијата го нанесе неодамнешната сметководствена грешка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП