3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на приходите од туризмот во Хрватска

Раст на приходите од туризмот во Хрватска

croatia-364_3tourism

Според податоците на Хрватската народна банка, во првите шест месеци од 2014 година приходите од туризмот изнесувале 2,12 милијарди евра, што во однос на истиот период минатата година претставува раст од 2,2 проценти.

Уделот на приходите од туризмот во вкупниот БДП во овој период изнесуваше 10,3 проценти, што во однос на истиот период од 2013 година претставува раст на уделот од 0,4 процентни поени.

Растот на приходите од туризмот е забележан и во вториот квартал од 2014 година, па од април до јуни остварени се 1,8 милијарди евра приходи, што е за 2,8 проценти повеќе во однос на истиот период во 2013 година.

„Приходите од туризмот остварени во првата половина од 2014 година ги следат успешните резултати од туристичкиот промет и верувам дека овој тренд ќе продолжи до крајот на годината“, вели министерот за туризам Дарко Лоренчин.

„Оваа туристичка година досега беше исклучително успешна, а растот на физичките и финансиските показатели докажува дека Хрватска е се попривлечна и попопуларна туристичка дестинација меѓу туристите од целиот свет“, заклучи тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП