25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИХакери провалија 83 милиони сметки во JPMorgan

Хакери провалија 83 милиони сметки во JPMorgan

morgan 294

Американската банка „JPMorgan“ призна дека во текот на летото била предмет на сајбер напад, кој ги загрозил сметките на повеќе од 76 милиони приватни клиенти и 7 милиони мали компании.

Хакерите стигнаа до личните информации за клиентите – вклучувајќи имиња, телефонски броеви, броеви на социјално осигурување, е-мејл адреси.

Инспекторите се збунети од однесувањето на хакерите, бидејќи нема докази дека тие украле пари од сметките, до кои имале пристап. Во овој поглед постојат сомневања дека станува збор за странска шпионажа, на пример од земјите од Јужна Европа или Русија, посочува „Reuters“.

Според изданието хакери добиле пристап до 90 сервери на компанијата и сите програми со кои работат компјутерите на банката. Ликвидирањето на последиците од електронската кражба ќе потрае барем неколку месеци.

За хакерскиот напад се знаеше порано, но се сметаше дека станува збор само за околу 1 милион сметки. Според американските медиуми ова е најголемата корпоративна кражба во историјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП