26 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИPanasonic си заминува од Словачка

Panasonic си заминува од Словачка

panasonic1

Околу 650 луѓе кои работат за јапонската компанија „Panasonic“ во Словачка ќе останат без работа, а 200 може да бидат преселени во други фабрики.

Во словачкото место Кромпахи се затвора фабриката за производство на блу-реј и ДВД рекордери и плеери, како и печатени електронски плочи за телевизори.

Тоа ќе биде најголемото отпуштање во Словачка во последната година. Информацијата ја потврди централата на „Panasonic“ во Европа, која се занимава со активности на јапонскиот концерн на овој континент.

Причината за тоа е остриот пад на продажбата. Компанијата не може да предвиди дека тој тренд може да се промени во блиска иднина бидејќи европскиот пазар за видео уреди постојано се намалува. Обемот на продажбата на оваа компанија во последните пет години се намалил за половина, иако нејзиниот удел на пазарот не се намалил.

Крајот на производството на видео техниката е планиран за крајот на оваа година, а преостанатото производство би требало да потрае до мај 2015 година.

Производство во фабриката на „Panasonic“ во Словачка започна во 2000 година. Фабриката тогаш вработи 330 лица, а нивниот број постепено растеше.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП