2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМало зголемување на невработеноста во Шпанија

Мало зголемување на невработеноста во Шпанија

barcelonas-culture-la-rambla

Невработеноста во Шпанија во септември малку се зголеми втор месец по ред, со оглед на тоа дека трендот на поголеми вработувања регистриран во текот на летната туристичка сезона започна да забавува.

Бројот на невработени лица во Шпанија порасна во септември за 19,720 во однос на август, на 4.447.650, покажуваат вчера објавените податоци од шпанското Министерство за труд, пренесува агенцијата Франс прес.

Август и септември традиционално се месеци во кои се бележи пораст на невработеноста, бидејќи доаѓа до гасење на сезонските работи во туристичкиот сектор.

На годишно ниво, бројот на невработени лица во септември е намален за 276,705 во однос на септември минатата година.

Шпанија на средината на 2013 година излезе од рецесија а во вториот квартал од оваа година го забележа најголемиот раст на БДП од 2007 година, односно 0,6 проценти.

Владата во Мадрид минатата недела ја зголеми прогнозата за раст на економијата за оваа и наредната година, на раст од 1,3 проценти во 2014 година и 2,0 проценти во 2015 година, додека, според проценката на владата, стапката на невработеност би требало да се намали на 24,2 проценти до крајот на оваа година и на 22,2 проценти до крајот на наредната година

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП