28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Газпром“ повторно ги намали испораките на гас за Романија

„Газпром“ повторно ги намали испораките на гас за Романија

gazprom romanija

Рускиот енергетски гигант „Газпром“ вчера по вторпат во рок од два месеца ги намали испораките на природен гас за Романија, овој пат за 13 проценти во однос на планираното ниво, соопшти романската Управа за енергетика.

„Испораките на руски гас за Романија вчера се намалени за 13 проценти во однос на договорените вредности. Вкупниот обем на испораки на руски гас во овој период е на многу ниско ниво, под 0,2 милиона кубни метри дневно, во услови кога романското производство е на ниво од околу 31 милиони кубни метри на ден“, се наведува во соопштението.

Во моментов потребите од гас на Романија изнесуваат околу 22 милиони кубни метри на ден, а од произведените околу 31 милиони кубни метри, секојдневно се складираат околу девет милиони кубни метри.

„Нема причини за вознемиреност. Треба да почнеме да се навикнуваме на вакви ситуации, предизвикани од „Газпром“. Обемот на гас што го увезуваме е многу мал, а Романија е подготвена оваа зима да се справи многу добро, без да трпи населението“, изјави министерот за енергетика Ризван Николеску.

Во средината на минатиот месец „Газпром“ исто така ги намали испораките на гас за Романија за околу пет проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП