27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ ја задржа каматната стапка на 0,05%

ЕЦБ ја задржа каматната стапка на 0,05%

ecbmariodraginp98uw3fjca

Европската централна банка (ЕЦБ) ја задржа референтната каматна стапка на ниво од 0,05 проценти.

Како што се очекуваше, ЕЦБ во соопштението наведе дека ја „задржува стабилната референтна каматна стапка на ниво од 0,05 проценти“ по минатомесечното намалување на стапката, пренесува агенцијата Франс прес.

ЕЦБ, исто така, ја задржа и каматната стапка на депозитите на минус 0,20 проценти и граничната стапка на плус 0,30 проценти.

Набљудувачите на ЕЦБ не очекуваа никаков потег од оваа институција, откако централната банка минатиот месец ги изненади пазарите со намалувањето на каматните стапки и воведувањето на уште неколку мерки.

За време на седницата на ЕЦБ во Неапол, демонстрантите пред палатата Капо ди Монте извикуваа слогани против мерките за штедење и загубата на работни места, и носеа транспаренти на кои беше напишано „работна несигурност, сиромаштија, невработеност, шпекулации. Ослободете не од ЕЦБ“, пренесува агенцијата Ројтерс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП