24 јуни, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЕвропејците нарачале 38.300 ФИАТ 500L

Европејците нарачале 38.300 ФИАТ 500L

fiat500l

Европејците во изминатите пет месеци нарачале повеќе од 38.000 примероци на автомобилот ФИАТ 500L, соопшти компанијата „Фиат Автомобили“ во Србија.

„Речиси половина од нарачките за 500L се од Италија, држава во која, во јануари најпродаван автомобил со средна големина бил токму овој модел од С- класата“, се наведува во соопштението, во кое се прецизира дека за само пет месеци се нарачани вкупно 38.300 автомобили.

Овој автомобил е единствениот модел со константно зголемување на продажбата во својата класа во Европа, и покрај тешката ситуација на економијата на овој континент.

Во соопштението се наведува дека асортиманот е дополнет со 1,5 литарскиот MultiJet II со дизел мотор со 105 КС, како и 0,9 литарскиот бензинец TwinAir Turbo, кој обезбедува иста моќ.

Компанијата истакнува дека асортиманот од моделот ФИАТ 500L е дополнет со иновативниот „City brake control“, активниот безбедносен систем.

Овој систем внимава на автомобилот, така што ја открива препреката пред автомобилот и автоматски го застанува автомобилот, доколку возачот не е во можност да го стори тоа, со цел да се избегне судир.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП