26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБогов: Надворешниот долг не е загрижувачки

Богов: Надворешниот долг не е загрижувачки

bogov2

Надворешниот долг на Република Македонија не е загрижувачки, бидејќи две големи компоненти отпаѓаат на трговските кредити и кредитите меѓу поврзани субјекти кои се многу позитивни за нашата економија и всушност се странски директни инвестиции, смета гувернерот на НБРМ Димитар Богов.

„Во надворешниот долг има повеќе категории меѓу кои се и трговските кредити и кредитите меѓу поврзани субјекти. Голем дел од нашиот надоврешен долг отпаѓа токму на овие две позиции – трговските кредити чие што зголемување покажува зголемени надворешно трговски односи што е секако позитивно и задолжувањето кај матичните компании во странство што се всушност странски директни инвестиции“, истакна Богов во одговор на новинарско прашање на Третата годишна регионална средба на Меѓународната организација за финансиска едукација на деца и млади за Европа и Централна Азија (ЕЦА) што денеска и утре се одржува во Скопје во организација на Народната банка на Република Македонија.

Тој посочи дека е нормално да сакаме да имаме повеќе странски директни инвестиции макар и како кредити меѓу поврзани субјекти и повеќе трговски кредити, кои како што рече, покажуваат дека нашите компании повеќе увезуваат и извезуваат во странство.

„Секако генерално треба да водиме сметка за капацитетот на нашата економија да го отплатува долгот кон странство и НБРМ секогаш го има тоа на ум и секогаш во нашите анализи гледаме три до пет години нанапред и соодветно на тоа ја прилагодуваме нашата монетарна политика. Тоа се параметри кои постојано ги земаме предвид и секогаш кога ќе има потреба монетарната политика соодветно ќе се прилагоди се со цел Македонија да не дојде во ситуација да не може да ги отплатува своите обврски било кон домашни, било кон странските кредитори“, потенцира Богов.

Гувернерот појасни дека НБРМ редовно врши анализа на сите индикатори околу надворешниот долг на земјата со користење на препораките на ММФ, Светска банка и меѓународно прифатени прирачници за таа намена.

„Во нашата анализа од седум индикатори кај пет Македонија е умерено задолжена земја, кај еден е ниско, а кај еден високо задолжена земја. Единствено по учеството на долгот во БДП Македонија во континуитет се вбројува во делот на високо задолжени земји уште од 2005 година“, нагласи Богов.

Тој како солидни ги оцени и стпките на раст на штедењето на граѓаните и кредитниот раст.

„Стапката на годишен раст на штедењето во моментов е некаде околу 8 отсто. Во минатото сме имале и поголеми стапки, но треба да имаме во предвид дека изминатите неколку години беа потешки поради што стпаката од 8 проценти е солидна. Паралелено со нејзиното зголемување се зголемува и кредитниот раст и последниот податко покажува стапка на раст од близу 9 проценти. Тоа е солиден раст и е можеби една од неколкуте највисоки стапки на кредитен раст во Европа“, рече Богов.

Тој рече дека овие показатели треба да се гледаат релативно, бидејќи, како што потенцира, ако во цела Европа нема добар амбиент за кредитрање и Македонија не може да биде надвор од тоа.

Гувернерот цени дека растот на девизните резерви од 72 милиони евра во август годинава главно се должи на три фактори.

„Едниот од нив е еврообврницата, вториот е кредит од Светска банка од околу 30-тина милиони евра и третиот е откупот на НБРМ на девизи на девизиниот пазар каде во овој период имавме поголема понуда од побарувачка“, нагласи Богов.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП