26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУкраинската економија ќе ослаби за осум проценти

Украинската економија ќе ослаби за осум проценти

ukraina1sdfdsdsfdsgdgdgdg

Украинската економија веројатно ќе ослаби за осум проценти оваа година поради судирите на истокот на земјата, изјави денес претседателот на Светската банка во оваа земја, Чимиао Фан.

Светска банка претходно прогнозираше дека бруто домашниот производ на Украина оваа година ќе ослаби за пет проценти.

„Нарушувањето на економските активности на истокот резултираше со остар пад на БДП. Прогнозираме дека БДП во 2014 година ќе биде намален за осум проценти“, изјави Чимиао пред новинарите во Киев.

Украина минатиот месец ја доби првата транша од помошта од 500 милиони долари заем од Светска банка за поддршка на реформите во финансискиот сектoр.

Кредитот е издаден на 16 години, со седумгодишен грејс период и променлива каматна стапка, со годишна камата од 0,63 проценти на денот на потпишување на договорот и еднократна провизија од 0,25 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП