23 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBayer ја проширува продажбата на лекови без рецепт

Bayer ја проширува продажбата на лекови без рецепт

bayer algeta

Компанијата „Bayer“ го превзема работењето поврзано за дивизијата „Consumer Care“ на американската фармацевтска групација „Merck & Co“, со трансакција вредна 14 милијарди долари, соопшти германската фармацевтска куќа.

„Bayer“ ја плати купопродажната цена од 14.2 милијарди долари, намалена за одреден износ кој ќе биде задржан за непредвидени случаи и кој ќе се плати по добивањето на одобрение за непостоење на монопол во Мексико и Јужна Кореја.

Превземањето значително ќе го зголеми работењето на компанијата „Bayer“ во областа на лекови кои се издаваат без рецепти (OTC) во многу тераписки категории ширум светот.

Про-формата на продажбата во комбинираното работење во 2013-та година достигна 5.5 милијарди евра, со што работењето на компанијата „Merck & Co“ допринесе со приближно 2.2 милијарди долари.

Превземањето и овозможува на компанијата „Bayer“ втора позиција на глобално ниво во областа на лекови кои се издаваат без лекарски рецепт, зад комбинираното работење на компаниите „Novartis“ и „GlaxoSmithKline“, a пред компанијата „Johnson & Johnson“ која претходно беше лидер во индустријата.

„Bayer“ очекува дека интеграцијата во работењето ќе овозможи создавање на значајни трошоци од меѓусебната соработка, особено во трошоците за маркетинг и набавната цена на стоки, од околу 200 милиони долари годишно до 2017-та година.

Се очекува дека синергијата на приходите од зголеменото присуство на пазарот и користењето на глобалната инфрастуктура на компанијата „Bayer“, во клучните области на раст за претставување на брендовите на компанијата „Merck & Co“ надвор од САД, ќе достигнат околу 400 милиони долари до 2017-та.

Ова превземање се очекува да оствари позитивен допринос од два отсто врз основа на заработка по акција веќе во првата година. Околу 2.000 вработени во „Merck & Co“ и 8.800 во „Bayer“ ќе работат под закрила на компанијата „Bayer“ во областа „Consumer Care“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП