20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗабрзува инфлацијата во Русија

Забрзува инфлацијата во Русија

inflationrussia654654

Од 1 до 29 септември цените на мало во Русија пораснале за 0,7 проценти, така што инфлацијата во однос на август изнесува 8,1 проценти, соопшти Руската статистичка служба.

Овој раст се смета за последица од руското eмбарго на увозот на дел од земјоделско-прехрамбените производи од западните земји.

Но не поскапеа само производите кои се под ембаргото туку и оние кои не се. Така, како пример се наведува, цената на месото од живина, кое Русија речиси целосно го обезбедува од домашната продукција (увозот изнесува само 13 проценти) порасна за 24,2 проценти, речиси исто како и цената на забранетото свинско месо.

Имено, преработувачите наместо забранетото свинско и говедско месо, преминале на пилешкото месо, пренесуваат медиумите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП