24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПромоција на постдипломските студии и можност за добивање стипендии на МБА студии...

Промоција на постдипломските студии и можност за добивање стипендии на МБА студии на Американ Колеџ Скопје

uacs

Денес, на 02 октомври 2014 година, Универзитетот Американ Колеџ Скопје ќе реализира промоција на новите програми за постдипломски студии во учебната 2014/2015 година, можностите за добивање МБА стипендии, а истовремено ќе промовира и информации за започнување на докторските студии.

Универзитетот Американ Колеџ Скопје нуди бројни можности за постдипломски студии преку висококвалитетни наставни програми, реализирани од реномиран стручен кадар. При тоа, оваа образовна институција овозможува на своите студенти да го надградат своето академско знаење и нуди унапредување во кариерата, како и можност да станат дел од научно – истражувачката заедница. Околу 1.000 активни додипломци и постдипломци и повеќе од 2.000 дипломирани и магистранти се доказ за успешната работа на Факултетите од Американ Колеџ.

По тој повод, вечерва во  Сити Хол – Скопје, со почеток во 19:00 часот ќе се одржи презентација на целосната образовна програма на Американ Колеџ, на која Д-р Марјан Бојаџиев, Ректор на Универзитетот Американ Колеџ Скопје ќе се обрати на присутните.

Покрај можноста да бидат информирани за програмите од постдипломските студии, присутните гости, професори, претставници на бизнис заедницата и идни академски граѓани ќе слушнат и детали за можностите за добивање стипендии, како и за сите поволности за компаниите и организациите од Деловниот совет на Универзитетот Американ Колеџ Скопје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП