12 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИШто добиваат губитниците на Оскарите?

Што добиваат губитниците на Оскарите?

oskari1

За многумината номинирани кои дома не ги понесоа златните статуетки, не беше се изгубено. Тие наместо оскари, добија подароци во вредност од 45,000 долари.

„Distinctive Assets” од Лос Анџелес, единаесетта година по ред доделува утешни подароците под мотото „Секој е добитник на Оскарите” во вредност од 45 илјади американски долари, во кои се вклучени патувања во Австралија, на Хаваи или во Мексико, вежбање со личен тренер, купони за естетски зафати вредни 5,000 долари, ароматерапија, еднонеделен престој во фитнес центар и едногодишно право на посебни услуги за ВИП клиенти на лондонскиот аеродром Хитроу.

Вредноста на поклоните оваа година е намалена од 60,000 долари на 45,000 долари.

Се проценува дека 10 проценти од номинираните ќе ги искористат овие патувања и луксузни одмори.

Меѓу помалку вредните подароци се наоѓа и приборот за говење, средство за чистење на прозорите, кондомите, уред за отстранување на прашината, шише текила.

Организаторите на Оскари престанаа да даваат раскошни и екстравагантни подароци во 2007 година, откако добија критика од даночните власти во Америка.

Компанијата „Distinctive Assets“, која 11 години ги дели овие подароци, не е официјален дел од организацијата на Оскарите, таа им ги испраќа подароците на учесниците еден ден по настанот на нивната домашна адреса.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП