20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИ покрај кризата, Европа никогаш побогата

И покрај кризата, Европа никогаш побогата

C

Кумулативната вредност на имотот на европските граѓани оваа година достигна 56,000 милијарди евра.

И покрај економската криза, приватниот имот на Европејците никогаш претходно не достигнал толку висока вредност, пишува францускиот весник „Фигаро“, што негативно влијае на вкупниот потенцијал за економски раст на Стариот континент.

Според истражувањето на швајцарската банка „Julius Baer“ прв пат објавено оваа година, вкупната вредност на имотот кој го поседуваат европските државјани е зголемена за 1,7 проценти во 2014 година, достигнувајќи 56.000 милијарди евра, со што го надминува нивото од 2007 година, пред појавата на финансиската криза.

Аналитичарите на оваа банка очекуваат дека овој тренд ќе продолжи, и предвидуваат раст на вредноста на имотот на Европејците од 40 проценти до 2019 година, кога таа ќе достигне 80.000 милијарди евра.

Во истражувањето се наведува дека просечната вредност на имотот по возрасно лице во Европа оваа година изнесува 167.000 евра, но со изразена нееднаквост во распределбата, бидејќи 10 проценти од домаќинствата поседуваат повеќе од една половина од богатството на Стариот континент.

Во Луксембург, на пример, свекое полнолетно лице поседува имот вреден 400 илјади евра, во просек.

Екстремната нееднаквост во распределбата на богатството го забавува растот на земјите и ја намалува глобалната побарувачка, истакнуваат експертите од оваа банка, додавајќи дека граѓаните на Германија, Велика Британија, Франција и Италија учствуваат со близу три четвртини во вкупната вредност од имотот на Стариот континент.

Економската криза најмногу влијаеше на просечната вреднос на имотот во Шпанија и Грција. Во Шпанија таа од 2007 година е намелена за 1,400 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП