2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИШефот на Allianz најверојатно ќе остане на функцијата

Шефот на Allianz најверојатно ќе остане на функцијата

mickael dajkmcak

Германската осигурителна компанија „Allianz“, која се уште се опоравува од ненадејното заминување на Бил Грос, основач на Единицата за управување со средства на компанијата „Pimco“, се очекува да ги наруши сопствените правила така што ќе го продолжи договорот на сегашниот извршен директор Михаел Дајкман, пишува „Reuters“.

Случајот со „Pimco“ ги зголеми предизвиците пред најголемиот европски осигурител, поради што најверојатно од Дајкман ќе биде побарано да остане на чело и откако наполни 60 години, што е традиционалната возраст за пензионирање на раководителите во „Allianz“.

Неговиот актуелен договор му истекува во декември. Големите акционери во компанијата имаат заеднички став Дајкман да остане на функцијата уште 1-2 години за да се стабилизира нејзиното работење и да се подготви доаѓањето на неговиот наследник.

„Напуштањето на Дајкман малку потоа по заминување на шефовите на „Pimco“, Грос и Мохамед Ел-Ериан, кои си заминаа во јануари, би испратило „многу лош сигнал кон инвеститорите““, изјавил менаџер кој е еден од 10-те најголеми акционери во компанијата.

„Прво израмнете ги проблемите“, била препораката на акционерите кон Дајкман и членовите на одборот на директорите, чии договори истекуваат исто така во декември.

Акциите на „Allianz“ поевтинија со над 6% од четврток – денот пред „кралот на обврзниците“ Бил Грос да ги шокира сите, велејќи дека ја напушта компанијата за да се приклучи на „Janus Capital Group“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП