1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонија во чекор со светскиот развој на интерактивната комуникација: паметните табли Smart...

Македонија во чекор со светскиот развој на интерактивната комуникација: паметните табли Smart Boards достапни и кај нас!

rtl

Напредокот на технологијата и интерактивните комуникации забрзано го движат развојот на економиите, образованието и комуникациите во светот. Македонија, иако мала земја, отсекогаш се движи  паралелно со светскиот технолошки развој, благодарение на интересите и отвореноста на пазарот за напредни технологии. Од неодамна и на македонскиот пазар за прв пат се понудени светски познатите паметни табли Smart Boards.

Паметните табли (Smart Boards) се канадски производ кои го освоија светот поради мултифункционалноста што ја нудат.

rt

Според карактеристиките и функционалноста, Smart Boards истовремено претставуваат: проектор и платно, екран, компјутер и табла.  Со овие карактеристики, паметните табли Smart Boards наоѓаат широка примена во образованието, бизнис заедницата , па дури и во домаќинствата, заменувајќи ја целосно улогата на домашно кино.

Увозник и застапник за Македонија е компанијата Унет, која има долгогодишно искуство во интерактивни веб комуникации. Анета  Антова Пешева,  генерална директорка на Унет, објаснува дека Smart Board продуктот е иновација која веќе ги придвижува образованието, организациите и компаниите од целиот свет напред –  правец во кој треба да се движи и Македонија. -,,Олеснувањето на образованиот процес и корпоративните комуникации се клучни за развој и напредок, а овој продукт токму тоа го овозможува. Во сите видови на едукација и во секоја компанија, дијалогот и интеракцијата се основа за ефикасност и токму затоа сме убедени дека Smart Board е извонреден производ и за македонскиот пазар“ – истакна Пешева .

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП