ПочетнаЕКОНОМИЈАЗабави растот во јапонскиот производствен сектор

Забави растот во јапонскиот производствен сектор

japonija1

Производствениот сектор во Јапонија во месец септември забележа раст, но со помала стапка во однос на месец август, што всушност укажува на последиците од зголемување на данокот во април оваа година.

Според анкетата на Маркит, индексот на менаџерите за набавка во септември изнесувал 51,7 поени, додека во август тој изнесувал 52,2, што секако е над границата од 50 поени, која ја оделува рецесијата од растот, пренесува Ројтерс.

Индустриското производство, како и потрошувачката на домаќинствата и реалната заработка, во август биле во пад, што според оценката на аналитичарите, е директна последица од зголемувањето на данокот на додадена вредност.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП