2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГазпромнефт ја зголеми дивидендата

Газпромнефт ја зголеми дивидендата

385316261542c4d8db2411907867934_640x427

Акционерите на рускиот „Газпромнефт“ одлучија да исплатат привремена дивиденда за првата половина од оваа година во висина од 4,62 рубљи (десет евроценти) по акција.

Тоа е за 13 проценти повеќе во однос на истиот период минатата година, соопшти компанијата.

„Газпромнефт“ е фирма-ќерка на компанијата „Газпром“, која е сопственик на 95,68 проценти од акциите. Преостанатите обични акции (4,32 проценти) им припаѓаат на акционери – физички и правни лица. На тој начин, „Газпром“ ќе добие 20,96 милијарди рубљи (419 милиони евра) од дивиденда за „Газпромнефт“.

Вкупно ќе бидат исплатени 21,9 милијарди рубљи (438 милиони евра).

„Газпромнефт“ во периодот јануари-јуни ја зголеми нето добивката за 19,9 проценти во однос на првата половина од минатата година, на 87,6 милијарди рубљи. Приходите се зголемени за 13,9 проценти, на 814,5 милијарди рубљи, а показателот ЕБИТДА (добивката пред оданочување, камати и амортизација) е зголемена за 16,2 проценти на 162,9 милијарди рубљи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП