26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИNew York Times дели 100 откази

New York Times дели 100 откази

thenewyorktimes1

Еден од највлијателните весници во светот „New York Times“ планира укинување на стотина работни места во редакцијата со цел да обезбеди долгорочна профитабилност на компанијата.

„Намалувањето на бројот на вработени е неопходно за да можеме да ги контролираме трошоците и за да продолжиме да инвестираме во дигиталната иднина на „New York Times“, иако знаеме дека тоа е болно за оние кои ќе останат без работа, како и за нивните колеги“, наведе компанијата.

„New York Times“ потсетува дека не е единствен во САД кога станува збор за отпуштањето на вработени во овој сектор, па така наведува дека од почетокот на годината многу весници во земјата го намалиле бројот на вработени.

Во последните шест години „New York Times“ веќе неколку пати додели откази, па така во 2008 година тој укина стотина работни места, а уште стотина во наредната година, а на почетокот на минатата година укина 30 работни места.

И покрај отпуштањата, редакцијата на „New York Times“ расте, па така во редакцијата на весникот сега има околу 1.300 лица и тоа е многу блиски до најголемиот број на вработени кои некогаш овој весник ги имал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП