28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРегионална средба за финансиска едукација на деца и млади

Регионална средба за финансиска едукација на деца и млади

nbrm1111

Во организација на Народната банка на Република Македонија, денеска и утре во Скопје, ќе се одржи третата годишна регионална средба на Меѓународната организација за финансиска едукација на деца и млади за Европа и Централна Азија (ЕЦА).

Целта на средбата е да се зајакне и да се усогласи финансиската вклученост, економската едукација и иницијативите за претприемаштво за младите во регионот.

На средбата ќе присуствуваат водечки носители на политиките од регионот, финансиски институции, експерти, практичари и иноватори коишто се занимаваат со прашањата поврзани со пристапот на децата и на младите до финансиите, финансиската вклученост и финансиската едукација, можностите за вработување и претприемаштвото и ќе споделат успешни приказни и предизвици.

Вкупно 65 деца и млади од цела Европа и Централна Азија ќе ги претстават пред носителите на политиките своите точки на дејствување за создавање соодветни и одржливи економски можности за младите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП