2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСловенечкиот премиер ја поддржа приватизацијата на Телекомот

Словенечкиот премиер ја поддржа приватизацијата на Телекомот

telekom

Новата словенечка Влада во текот на следните денови ќе ја започне постапката за продажба на „Телеком Словенија“, изјави денеска премиерот Миро Церар, отфрлајќи ги стравувањата дека ќе се откаже од приватизација на компанијата.

Церар изјави дека неговиот Кабинет ќе ги продаде 15-те компании, чија приватизација беше најавена од претходната Влада, како дел од антикризните мерки за стабилизирање на државните финансии, воведени минатата година откако Словенија беше на прагот да бара меѓунарoдна помош за спас.

Во минатото Церар не ја поддржуваше продажбата на големите државни компании, но сега тој и министерот за финансии најавија дека ќе ја довршат започнатата приватизација.

Словенечкиот премиер рече и дека за неколку месеци Кабинетот ќе состави список на компании кои ќе бидат понудени за продажба заедно со 15-те препријатија чија приватизација ја одреди претходната Влада.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП