26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИPSA ја зголеми продажбата во септември за 17 отсто

PSA ја зголеми продажбата во септември за 17 отсто

psa peu

Францускиот производител на возила „PSA“ (Peugeot-Citroen) во септември ја зголеми својата продажба на 17.3 проценти во однос на истиот месец од минатата година, најмногу благодарејќи на марката „Peugeot“ која забележа раст од 25.7 отсто.

Зголемувањето на продажбата на автомобили на францускиот пазар во септември изнесувало 6.3 проценти на годишно ниво, а најмногу профитираа француските производители, бидејќи нивниот удел на локалниот пазар изнесува 57 отсто, и зголемен е за еден процент во однос на минатата година.

Најмногу возила во септември на францускиот пазар продаде компанијата „PSA“, и тоа 46.256 (+17.3 oтсто), oд кои 26.970 од брендот „Peugeot“ (+25.7 oтсто), a 19.286 (+7,3 проценти) „Citroen“.

Во однос на септември 2013-та, француските производители на локалниот пазар продале 11.5 проценти повеќе возила, додека странските компании забележале раст од само 0.1 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП