19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПортугалија ја зголеми прогнозата за буџетскиот дефицит

Португалија ја зголеми прогнозата за буџетскиот дефицит

rastekonomskirastt045 intv5

Португалија оваа година ќе го надмине целното ниво на буџетскиот дефицит бидејќи поради новите сметководствени прописи беше принудана да ја зголеми прогнозата за дефицитот.

Португалија во мај излезе од меѓународната програма за помош, а сеуште се бори да ги прилагоди јавните финансии со прописите на ЕУ, пренесува агенцијата Франс прес.

Буџетскиот дефицит оваа година најверојатно ќе изнесува 4,8 проценти од БДП, во однос на целното ниво од четири проценти, наведува португалскиот Завод за статистика.

Министерката за финансии Марија Луис Албукрек претходно овој месец изјави дека Португалија ќе ги исполни целите за дефицитот без потреба за дополнителни намалувања на потрошувачката или раст на даноците. Уставниот суд во неколку наврати ги отфрли новите мерки за штедење, а тоа им отежна на владините напори да ја намалат потрошувачка.

Буџетскиот дефицит би требало да достигне 8,3 милијарди евра, од кои 1,3 милијарди евра се однесуваат на долговите на државните компании во транспортниот сектор.

Јавниот долг на Лисабон, според новите стандарди, би требало да биде 127,8 проценти од БДП, што е малку под очекуваното ниво од 130,9 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП