9 декември, 2024
ПочетнаКАРИЕРАТри типа на клиенти кои треба да ги избегнувате

Три типа на клиенти кои треба да ги избегнувате

bomba,kjik,ijk,ji

Генерално добра работа е да имате клиенти и муштерии, па дури и кога тие се тешки за соработка, но постојат три типа на клиенти кои едноставно не се вредни за вашето време и напори, вели Џефри Џејмс, претприемач и автор на книгата „Business Without the Bullsh*t: 49 Secrets and Shortcuts You Need to Know“.

Ова се клиентите кои треба да ги избегнувате:

Пијавици

Овие клиенти од вас ги извлекуваат сите идеи и решенија, а потоа ангажираат некој друг да им ја заврши работата. Конкуренцијата секако дека ќе ја намали цената, кога клиентот ќе и дојде со готово идејно решение или план за работа.

Како да ги забележите: Кога клиентот ќе ве замоли да му направите услуга, која всушност би ја наплатите, предложете му да потпише договор кој би спречил користење на вашето решение доколку не ве најми вас да ја завршите работата. Доколку клиентот одбие, тој најверојатно е пијавица клиент и само сака да ве искористи.

Играчи

Ова се клиенти кои ве користат само за да договорат што подобра цена со компанијата со која всушност сакаат соработка. Бараат од вас да понудите што пониска цена за компанијата со која сакаат да соработуваат, од причина која нема врска со парите, биде принудена да ја намали својата цена.

Како да ги забележите: неопходно е добро да се распрашате за својот клиент и неговиот однос со конкурентската компанија, а потоа да одлучите дали се исплати да ги трошите своите ресурси на битката која веќе е загубена.

Бомбаши

Овие клиенти ќе се обидуваат да ве заплашат, да ве клеветат во јавноста и генерално непрофесионално ќе се однесуваат. Работејќи со ваквите клиенти ќе ја загубите менталната и емотивна енергија на нивното однесување, наместо на работата.

Како да ги забележите: Бомбашите не фрлаат бомби само кога вие сте во нивна близина, тие тоа го прават и пред своите вработени. Па така, доколку приметите дека нивните вработени се исклучително внимателни со вас, многу голема е веројатноста дека имате работа со клиент бомбаш.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП