16 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЖито Маркети се шири во Скопје – нов маркет во Бутел

Жито Маркети се шири во Скопје – нов маркет во Бутел

zm

Нов Жито Маркет денеска се отвори во скопската Општина Бутел. Според големината на просторот и понудата на производи, овој трговски објект влегува во категоријата на супермаркети. На површина од 600 метри квадратни, со сопствен паркинг простор и четири наплатни каси, овој маркет ќе ги понуди сите погодности  неопходни за современиот македонски потрошувач.

zm

„Паралелно со нашето постепено проширување во другите градови и општини, се посветуваме и на проширувањето во скопските населби со цел одличната услуга, популарната ценовна политиката што ја имаме и уште многуте бенефиции за купувачите да бидат возможни и достапни за сите. Жито маркети со секој новоотворен маркет останува доследен и ја применува својата веќе докажаната политика – понуда и услуга во согласност со високите стандарди на компанијата како и исполнување на барањата на купувачите“, изјави Далибор Ѓошевски, генерален директор на Жито Маркети.

zma

Официјалното пуштање во работа на новиот објект од овој малопродажен ланец во Скопје, на пригодна свеченост го направија Градоначалникот на Општина Бутел, Г-дин Петре Латиновски и Генералниот директор на Жито Маркети, Г-дин Далибор Ѓошевски.

zmb

Според димензиите овој е еден поголемите објекти на Жито маркети, воопшто, што соодветствува со барањата и потребите на граѓаните од Општина Бутел. Покрај вообичаените содржини ќе бидат понудени уште и свежи месни производи од месарницата, свежо овошје и зеленчук како и производи од бела техника.Со новоотворениот маркет се отвораат 20 нови вработувања.

zmc

На денот на отворање, за купувачите беа достапни голем број промоции, дегустации, продажни акции, подароци и гратис производи. Работно време на маркетот ќе биде седум дена во неделата, од понеделник до сабота од 7,00часот до 21 часот, додека во недела, маркетот же работи до 13,30 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП