28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИeBay и PayPal ќе станат две посебни компании

eBay и PayPal ќе станат две посебни компании

ebay paypal

Првите луѓе на „eBay“, како дел од стратегијата за натамошен развој на компанијата, ја одобрија постапката за поделба на „eBay“ и „PayPal“ во две посебни компании.

Целиот процес на поделба е замислен со цел да порасне вредноста на двете компании и со тоа да се задоволат акционерите, а ќе се реализира во идната 2015-та година.

Сервисот за „online“ плаќање „PayPal“ е инаку главно средство за плаќање по пат на „eBay“. По поделбата на компаниите, ништо значително нема да се промени, но се верува дека и тоа како ќе го подобри работењето на идните компании.

Претседател на новиот „eBay“ ќе биде досегашниот раководител на одделението „eBay Marketplaces“, Девин Вениг, додека новиот „PayPal“ ќе го води досегашниот вработен во „American Express“, Дан Шулман.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП