19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHuawei ќе инвестира 1.5 милијарди долари во Франција

Huawei ќе инвестира 1.5 милијарди долари во Франција

huawei prih4

Кинеската компанија „Huawei“ планира во наредните три години на францускиот пазар да вложи 1.5 милијарди долари, што се овомозжи отворање на околу две илјади нови работни места.

Основачот на кинеската компанија Рен Женгреј, кој во Париз се сретна со францускиот премиер, потврди дека ова вложување ќе биде наменето во секторот на паметни телефони и ќе биде реализирано во соработка со француската Агенција за меѓународни инвестиции (AFII).

„Huawei“, кој се обидува да го зголеми бројот на своите европски снабдувачи, веќе соработува со францускот производител за полупроводници „STMicro“ од каде се снабдува со овие компоненти за своите паметни телефони.

На крајот на јули оваа година, „Huawei“ се најде на третото место во светот според продажбата на паметни телефони, која за една година беше за три пати зголемена или на 20.3 милиони единици.

На тој начин пазарниот удел на кинеската компанија на глобално ниво достигна 6.9 проценти, зад „Apple“ (11.9 oтсто) и „Samsung“ (25.2 проценти), при што уделите на „Apple“ и „Samsung“ забележаа пад.

Во Европа, „Huawei“ во 2013-та година оствари приходи од 5.2 милијарди евра и планира бројот на вработени на овој пазар од 2017-та година да достигне 13.000 луѓе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП